04 Мај, 2024
0.0356

Колку години ќе постат акционерите на најголемиот производител на сувомесно?

Објавено во: Финансии 01 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Втора во низа „уникатна“ копроративна постапка на Кутревски, најголемиот акционер и прв главен извршен директор на „Пекабеско“. Откако си додели сам на себе менаџерска награда од 1,2 милиони евра, а очајни акционери го дадоа на суд зашто не поделил дивиденда излезе со „соломонско решение“. Им порача на акционерите: не чекајте дивиденди до 2027 година, имаме кредити за враќање! 

Доминантниот газда на „Пекабеско“ Слободан Кутревски повторно направи преседан со кој ќе влезе во македонската корпоративна историја. Ова е втор потег по кој ќе остане запаметен. Кутревски влезе во „алејата на корпоративните укинат-великани“ откако пред две години направи преседан со тоа што како најголем акционер сам на себе во својство на главен менаџер си додели менаџерска награда од 1,2 милиони евра, а сите други акционери не добија ниту денар дивиденда. Дури и тужеа за тоа, но се што беше како епилог од пресудата беше да си платат судски трошоци затоа што Кутревски не ја згрешил работата.

Вчера на берзанскиот информативен портал осамна информација од Одборот на директори на директори во „Пекабеско“ во која пишува дека Одборот на директори на „Пекабеско“ во периодот од 2020 година до 2027 година нема да предлага да се дели дивиденда на акционерите и тоа е одлука во форма на Дивидендна политика на „Пекабеско“ за период 2020-2027 година. Многу јасно дефинирана дивидендна политика на компанија. Предлогот шт го прифатиле едногласно седумте члена на Одборот на директори го дава неговиот член Анатол Кутревски, близок роднина на Слободан Кутревски – најголем акционер кој поседува 79,7 отсто од акциите со право на глас во таа компанија кој воедно е и цитираме „Прв главен извршен директор“ на АД „Пекабеско“.

Образложението на Кутревски поддржано од сите други членови на Одборот на директори е тоа што компанијата има значајни инвестиции и вложувања преку кредитни линии кои во кои периодот 2020 – 2027 година допеваат за наплата и поради тоа тие не треба на акционерските собранија да доставуваат предлог-одлуки за распределба на дивиденда.

Во целост интегралниот текст на нивната одлука е достапен на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=52982 на кој може да ја прочитате и содржината нивната политика за дивиденда. 

Повеќе на делата на акционерот и прв главен извршен директор Слободан Кутревски може да прочитате на следниве линкови https://faktor.mk/sudot-presudi-koj-gi-trkala-malite-akcioneri-kutrevski-so-alal-da-gi-troshi-12-milioni-evra-menadzerska-nagrada

Спие ли мирно Слободан Кутревски?

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата