Судот пресуди! Кој ги „тркала“ малите акционери, Кутревски со алал да ги троши 1,2 милиони евра менаџерска награда
Објавено во: Економија 15 Октомври, 2020
Трочлениот женски судски совет на Основниот граѓански суд Скопје 1 , да се изразиме со речникот на бившиот реис за ИВЗ, „го прогласи за мртво“ тужбата на малцинските акционери во „Пекабеско“ со која се обидоа да ја поништат одлуката со која акционерот Слободан Кутревски на директорот Слободан Кутревски лани во јуни му даде награда за успешно менаџиерање од 1,2 милиони евра. Без да навлегува во материјално разгледување на одлуката женскиот судски совет утврдил дека акционерот – тужител нема правен интерес и заради тоа неговата тужба се отфрла... Трите судики го задолжиле акционерот – тужител да си плати судски такси и давачки од 450 евра, а Слободан Кутревски – менаџерот со алал да си ги троши парите!
Постои веројатност дека и ова судско решение е едно во низата и ќе влезе во случаите кои ќе ги мониторираат телата на Европската комисија кога ќе утврдуваат дали има напредок во „јакнење на капацитети на македонските судови“. Ова судско решение на тројката судики: Мирјана Николовска – Калчиноска, Ивана Миленкоска и Лилјана Хаџипулевска е преседан во современата македонска корпоративна историја во која мал акционер се дрзна да си ги бара правата наспроти ултра доминантниот акционер во „Пекабеско“ кој сам на себе си додели менаџерска награда од 1,2 милиони евра од добивката на друштвото и со тоа фактички им го скрати правото на дивиденда на сите други малцински акционер во компанијата.
Судиките нашле дека малцинскиот акционер немал правен интерес во овој случај туку тоа било економски интерес. Со прости зборови судиките небаре се наставнички по мајчин јазик кои прегледуваат писмена задача утврдиле дека „тужителот ја промашил темата“ и заради тоа неговата тужба се отфрла како неоснована со решение. Имало економски интерес, но тоа не е предмет на тужбата.... А тие не навлегуваат мериторно и ја отфрлаат тужбата.
Тоа што Кутревски акционерот на Кутревски менаџерот му дава менаџерска награда од 1,2 милиони евра и тоа од добивката на друштвото за нив не е загрозување на правата на другите акционери. За овие три судики не значи ништо ниту тоа што на потегот на Кутревски кој како акционер не се изземал од гласањето на менаџерската награда реагираше јавно и транспарентно и Комисијата за хартии од вредност како регулаторно тело за пазарот на хартии од вредност. Судиките не го гледаат ниту тоа што Кутревски и „Пекабеско“ во ниту еден момент не одговорите на барањата на акционерите и да им го покажат менаџерскиот договор на директорот во кој е регулирано дека на овој начин може да добие дивиденда во износ од 1,2 милиони евра која ќе ја наплати од добивката.
Свесни или не за последиците од ова решение судиките направија преседан на кој во иднина ќе можат во правни постапки да се повикаат и други мнозински или доминантни акционери кои нема да сакаат од добивките на друштвата да делат дивиденда на сите малцински акционери.
Повеќе на темава https://faktor.mk/spie-li-mirno-slobodan-kutrevski
Линк од фамозното Решение на судското трио (ПДФ)
Р.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.