03 Мај, 2024
0.0271

Колку пари донесе „Лидл“ досега во Македонија?

Објавено во: Економија 04 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Синџирот маркети „Лидл“ во централниот регистар во Македонија изминатите денови запиша промена во основната главнина и паричен влог од 135.000.000 евра уште сега, иако допрва треба да го гради логистичко-дистрибутивниот центар и продажните центри во земјата.
Ова се пари кои веќе се инвестирани во недвижен или подвижен имот, како и да послужат за набавки на материјали, обука на вработени, итн. Упатените појаснуваат дека средствата што се внесени ќе им бидат на располагање за купување на парцели, плаќање комуналии, но и кои може да се искористат за инвестиции во дистрибутивниот центар крај Куманово. Да се користат во набавка на возила, реновирање и опремување на маркетите кои ќе ги користат, како и во набавка на стоки.

Во јануари во индустриската зона Речица, во близина на Куманово, започна изградбата на логистички и дистрибутивен центар на германската компанија „Лидл“. Комплексот се простира на 170 хектари, а самиот објект ќе биде со површина од 64.000 метри квадратни. Инвестицијата е вредна 80 милони евра и ќе се отварат нови 150  работни места. Рубријан Хаџиев, генералниот директор на „Лидл“  во Македонија, тогаш кажа дека тимот на овој продажен синџир во нашата земја веќе брои 100 вработени.

Беше посочено дека синџирот маркети ќе откупува и земјоделски и кондиторски производи од нашето поднебје и ќе ги продава во своите маркети во земјава, но и во останатите продавници во соседството. Освен што овие пари се чиста инвестиција во земјата, компанијата нема да користи државни субвенции, а од „Лидл“ се очекува да понуди и пониски цени и да даде поголеми плати за вработените во малопродажбата.

Од она што е познато, „Лидл“ веке купи парцели и постоечки објекти во Скопје, на местото на поранешен „Бриколаж“ и Момин Поток, како и во Битола, а медиуми во меѓувреме објавија дека е купен недвижен имот и во Кавадарци. Зборувано е и со градоначалниците на Штип и на Кисела Вода, а неофицијално се споменуваше и Охрид. Првите маркети треба да ги отворат вратите во 2025. 

„Лидл“ веќе има изградено реноме меѓу македонските граѓани, кои неизбежно ги посетуваат нивните маркети во соседните земји кога патуваат таму, а во последниве месеци зачестија и патувањата на наши сограѓани во соседството каде има нивни продавници токму со намера да „испазарат“ во „Лидл“.

Меѓународниот синџир на маркети „Лидл“ има 11.200 продажни објекти во 32 земји ширум светот, а вработува над 300 илјади луѓе во светот.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски