10 Мај, 2024
0.0273

Koлку пари донира Леонардо Ди Каприо за Амазонија?

Објавено во: Свет 26 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Организацијата на Леонардо Ди Каприо донираше пет милиони долари за обнова на амазонските дождовни шуми, уништени од пожари. 

„Earth Alliance“ ќе ги даде парите на локални групи и домородни заедници кои работат на заштитата на Амазонија.

„Длабоко сум загрижен за кризата во Амазонија, која ги загрозува климатската рамнотежа и тамошните биодиверзитет и домородни луѓе“, напиша Ди Каприо на Инстаграм.

„Earth Alliance“ е основана во јули од Ди Каприо и од двајца други филантропи, со цел заштита на дивиот свет, климата и на правата на домородните луѓе.

„Со уништувањето на амазонските дождовни шуми се уништува и екосистем кој апсорбира милиони тони јаглероден диоксид секоја година и е еден од нашите најдобри одбрани против климатската криза“, стои во соопштението на организацијата.

Бразилската вселенска агенција објави дека годинава имало повеќе од 75.000 пожари низ Бразил, во споредба со 40.000 лани.

Додека илјадници пожари беснеат низ Амазонија, НАСА објави загрижувачки податоци. Сателитите на Американската агернција за истражување на вселената забележале страшни снимнки од испуштање на јаглероден моноксид во земјината атмосфера. 

Лидерите на групата седум индустриски најразвиени земји се договорија денес веднаш да финансираат фонд од 20 милиони долари за да им се помогне на земјите од регионот на Амазонија во борбата против шумските пожари.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска изјави дека спогодбата на Г7 за борба против пожарите во Амазонија овој регион го третира како колонија. 

Можеби ќе ве интересира

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена