04 Мај, 2024
0.0259

КОЛКУ ПАРИ ЌЕ ЗЕМАТ ОД СТЕЧАЈНАТА МАСА - доверителите ги пријавиле своите побарувања

Објавено во: Економија 09 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Во понеделникот заврши рокот до кој сите доверители на Еуростандард банка требаше да ги пријват своите побарувања до стечајниот управник Душко Тодевски, а за кои потоа ќе очекуваат дека треба да бидат подмирени од сречајната маса.

Всушност, своите влогови не требаше да ги пријават само штедачите до 30 илјади евра, кои своето обесштетување ќе го очекуваат од Фондот за осигурување депозити, додека сите други доверители за своите побарувања требаше писмено да го известат стечајниот управник.

За ова пред неколку дена извести и самиот стечаен управник.

Како побарувања кои ќе треба да се подмируваат од стечајната маса, како што информира и Тодевски, се сметаат побарувања по основ на извршени усуги или доставени производи до банката, платени аванси по различни основи, фактури, повеќе платени надоместоци за услуги кои не се искористени или се користени помал период од оној наведен во договорот, на пример платен надоместок за користење сеф во текот на една година, а сефот се користел пократок период, како и други побарувања кои произлегуваат од облигационо-правен однос со банката.

Според одредени информации, се пријавиле околу 2.000 доверители, но не се знае која сума ја побаруваат од стечајната маса на Еуростандард банка.

Тие ќе мора да почекаат додека се случи првото рочиште, кое е закажано на 8 октомври оваа година, а на кое всушност ќе се утврди точната состојбаа на сите побарувања.

Што значи дека тогаш точно ќе се знае колку пари ќе треба да се исплатат од стечајната маса.

Она што потоа вообичаено се случува за време на стечајни постапки, е стечјниот управник да наплатува побарувања кои ги имала банката или да продава нејзин имот, па како ќе легнуваат средства на сметката, така пропорционално би им се распределувале на доверителите.

Сопственикот на банката Трифун Костовски во неколку наврати кажа дека доколку паметно, брзо и ефикасно се води целата постапка, има средства за да се намират сите доверители од стечајната маса.

А во меѓувреме Фондот за осигурување на депозити ја привршува својата работа, па се очекува четирите банки исплатувачи до крајот на оваа недела да го стартуваат својот процес на обесштетување на штедачите. Тие или од нив ополномоштени лица ќе можат да ги подигнат преку банките парите во рок од три години, а и доколку не стигнат, можат потоа во секое време да си ги подигнат преку самиот Фонд за осигурување депозити.

Како што Фактор веќе пишуваше, сумата што Фондот ќе ја исплати, се намали од 71,5 милиони евра, на 68,2 милиони, или за 3,3 милиони евра.

До намалувањето дошло откако од обесштетување се избришани сите што покрај влогот, имале и некоја обврска или кредит кон банката, оние чии депозити се поврзани со перење пари, оние што штеделе со повластени каматни стапки, како и депозити на членови на Управниот или Надзорниот одбор, но и нивни роднини од прв степен.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?