26 Април, 2024
0.0288

ШТЕДАЧИТЕ ОД ЕУРОСТАНДАРД - утре ќе знаат во која банка ќе си ги земат парите, исплатата ќе стартува за неколку дена

Објавено во: Економија 06 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Списоците со штедачи од Еуростандард банка кои треба да бидат обесштетени од Фондот за осигурување депозити, утре треба да бидат распоредени во четирите банки преку кои ќе оди исплатата.

Вакви беа најавите од Фондот за осигурување депозити, кој во четвртокот минатата недела ги доби конечните списоци од стечајниот управник Душко Тодевски, а во петокот стартуваше распределувањето на над 139 илјади штедачи, односно определување кој во која од четирите банки ќе треба да си ги земе парите, при што изборот е меѓу Комерцијална банка, Стопанска банка Скопје, НЛБ Банка и Халкбанка. Од Фондот најавија дека ако е потребно ќе работат и за време на викендот, само со цел навреме да се заврши со прераспоедувањето. 

Потоа, на банките ќе им бидат потребни четири дена за процесуирање на списоците во нивните системи. Тоа би значело дека обесштетувањето ќе почне веќе во петок.

Преку Фондот ќе се обесштетуваат околу 139 илјади штедачи. 

Фактор веќе пишуваше дека според последниот список што Фондот го добил од стечајниот управник, намалена е сумата на обесштетување, во споредба со онаа што првично се планираше, од 71,5 милиони, на 68,2 милиони евра, или за 3,3 милиони евра. 

Имено, овој список е „прочистен“ по неколку основи, и тоа го намалува конечниот износ. Прво, на оние депоненти што имале и обврски кон банката, или пак, кредити, за таа сума им е намален износот од влогот што треба да го земат како обесштетување. Второ, како што објаснуваат наши извори од Фондот, а тоа е и според законските прописи, воопшто не се обесштетуваат депозити на членови на Управниот и Надзорниот одбор, како и на нивни блиски роднини од прв степен, а во Еуростандард банка имало и такви депозити. 

Трето, воопшто нема да се обесштетат оние депозити кои биле поврзани со перење пари, за случаи за кои тоа е докажано со документи од Управата за финансиско разузнавање, и се донесени и судски пресуди. И четврто, нема да се обесштетуваат депозити кои се чувале со привилегирани каматни стапки, односно повисоки камати од оние кои се официјални на банката и кои таа ги има објавено на својата веб страница и важат за сите клиенти.

А не стивнуваат дилемите околу тоа дали беше неопходен стечај врз Еуростандард банка.

Бизнисменот Трифун Костовски во интервку вчера изјави дека примарна цел на Народната банка била Еуростандард да се затвори, како и дека во земјава има многу полоши банки од Еуростандард.

А гувернерката на НБМ, пак, претходно во интервју изјави дека потенцијалниот инвеститор за банката, кој се сметаше дека може да обезбеди нејзино спасување, не покажал план за брза докапитализација на банката, во обем и со динамика кој би гарантирал нејзина одржливост.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра