08 Мај, 2024
0.0247

КОЛКУ ТРЕБА ДА РАБОТИТЕ НЕДЕЛНО: Не повеќе од 39 часа

Објавено во: Стил 04 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

За здрав начин на живот специјалистите препорачуваат да се работи не повеќе од 39 часа неделно.

Ако тоа време се зголеми, може да доведе до нарушувања во психичката и физичката состојба на работникот. 

Со повеќе работни часови човек не може да одвои доволно време за себе. 

До заклучоците експертите дошле по набљудувања на траењето на работниот ден и здравствените индикатори на повеќе од 8.000 Австралијци.

Експертите препорачуваат да се скрати времето за приближно две третини од граѓаните на земјата на возраст меѓу 24 и 65 година, кои работат во просек над 40 часа неделно.

Авторите на истражувањето се особено загрижени за жените, затоа што поголемиот дел од нив имаат и домашни обврски.