Колку заработува Барак Обама за еден говор?
Објавено во: Финансии 20 Септември, 2017
Помалку од година дена од напуштањето на Белата куќа поранешниот американски претседател, Барак Обама на Вол стрит ќе го претвори во пари своето искуство.
Тој во Њујорк во понеделник ќе биде главен говорник на конференција од здравствениот сектор.
Обама ќе зборува за реформи во здравствениот систем, и ќе одговара на прашања.
Тој во август одржа говор со кој заработи 400.000 долари.
Од месец мај имал шест настапи за кои е многу добро платен.
На 29 септември ќе биде главен говорник во Торонто, а во јануари пак во Њујорк ќе се обрати на настан во синагога.
Ова може да поттикне критики, но Обама не е прв кој заработува на ваков начин. Претходно истото го правеа и Бил Клинтон и Тони Блер.