КОВИД - 19 Е УДАР ЗА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА: Со една фунта дневно ќе живеат 60 милиони луѓе
Објавено во: Економија, Корона Вирус 08 Јуни, 2020
Koвид - 19 е катастрофален удар за светската економија.
Според претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас економските последици би можеле да траат и една деценија.
Најмногу се погодени оние кои најмалку тоа можат да си дозволат, предупреди Малпас.
„Комбинацијата на самата пандемија и затворањето на економијата значи дека се погодени изворите на егзистенција на милијарди луѓе и ова е причина за загриженост“, вели Малпас.
Во интервју за радио Би-Би-Си, Малпас изјави дека поради економската криза предизвикана од пандемијата повеќе од 60 милиони луѓе можат да живеат со помалку од една фунта дневно.