01 Мај, 2024
0.0270

КРАЈ НА УГНЕТУВАЊЕТО НА ПОНЕЖНИОТ ПОЛ: Жените во Саудиска Арабија конечно ќе може да возат автомобил

Објавено во: Свет 11 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Со години жените во Саудиска Арабија беа угнетувани и им беа забранувани многу  нормални работи. Од 24 јуни, за првпат во историјата, жените од Саудиска Арабија ќе можат да возат автомобил..

„Сите мерки жените да започнат да возат во кралството се преземени“ – изјавил Мохамед ал-Басами, Генерален директор на Одделот за сообраќај.

Секоја жена со навршени 18 години ќе може да аплицира за возачка дозвола, а во пет градови се отворени авто-школи за жени. Инструкторите ќе бидат жени од Саудиска Арабија, кои се стекнале со возачка дозвола во странство.

На оваа одлука  ѝ претходеле многу протести.

Првиот протест за прекин на оваа забрана се одржал во 1990 година, кога 47 жени возеа низ главниот град Ријад. Иако најголем дел од нив беа уапсени, а некои ги изгубија своите работни места, протестот поттикна сè повеќе жени да се борат за истата цел.

„Од тој ден наваму, саудиските жени се бореа за право да возат и тоа конечно пристигна. Чекавме долго време“ – рекла една од активистките.

Саудиските лидери честопати низ годините истакнуваа дека во саудиската култура е непристојно жените да возат и дека машките возачи не би знаеле како да се однесуваат доколку до нив во автомобилот би седела жена. Други тврдат дека дозволата жените да возат би довела до промискуитет и колапс на саудиското семејство. Трети пак, неосновано тврдат дека возењето ги оштетува женските јајници.

Забраната долго време го нарушуваше имиџот на Саудиска Арабија на меѓународната сцена.



Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа