ЛЕТУВАЊЕ ЗА „ПЛИТОК ЏЕБ“: Морето во оваа земја е преубаво, ниски цени и не е многу далеку!
Објавено во: Балкан, Стил 06 Мај, 2016
Со години веќе летувате во Црна Гора или Грција затоа што тие дестинации се близу. Доколку сепак сакате да ја промените оваа навика можеби е вистински момент да ја изберете оваа дестинација.
Ова место не е преногу близу од кај нас, но ретки се оние кои се впуштаат во таа авантура да пробаат нешто поинакво. Сепак, оние кои ја посетиле оваа туристичка дестинација велат дека ова е вистинскиот „неоткриен бисер“ на Јадранот.
Пристапните цени за сместување, превоз и храна се главен адут во рацете, верувале или не на Босна и Херцеговина, и единствениот град во таа земја на море. Имено, се работи за местото Неум.
Сместувањето кое може да го резервирате уште додека сте во Македонија се движи од 10 евра за ноќ во зависност од тоа колку ѕвездички сакате да има хотелот. Исто така, сместувањето во приватни куќи и станови се движи од 10 до 20 евра за ноќевање и тоа за двокреветен апартман.
Она што е интересно е тоа што Неум од Дубровник е оддалечен само 70 километри, па сите туристи кои имаат желба да го посетат и Дубровник се определуваат за оваа дестинација бидејќи е далеку поефтина од Дубровник, а добро поврзано со автобуски линии.
Како изгледаат плажите и самото место Неум погледнете и сами.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/ynBzcSsYhno[/embed] Како до Неум Оддалеченоста на Скопје од Неум изнесува околу 559 км или најмногу 10 часа ако патувате преку Косово и Црна Гора .