02 Мај, 2024
0.0533

Лидер на секта во Јужна Кореја се извини за ширењето на корона, нивни претставници се тие што беа вреѓани во земјава

Објавено во: Македонија, Свет 02 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Ли Ман-хе, лидерот на христијанската секта од Јужна Кореја која е поврзана со околу половина од случаите на заразени со коронавирус во оваа земја, се извини од името на своите членови.

„Сакам искрено да им се извинам на сите сограѓани во име на нашите членови“, рече Ли Ман-хе, пренесен од француските медиуми.

Тој може да биде обвинет за убиство заради ширење на коронавирусот. Градските власти во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, од државниот обвинител бараат покренување обвинение против Ли Ман-хе, основачот на црквата „Шинчонџи“ и против уште 11 други лица.

Сомневањата се дека тие ги криеле имињата на заразените членови на црквата кои официјалните лица се обиделе да ги пронајдат пред вирусот да се прошири.

Јужна Кореја е една од земјите со најголем број случаи на заразени од коронавирус надвор од Кина. Повеќе од половината заразени, кои сега изнесуваат околу 4.000, се членови на црквата на Исус „Шинчонџи“, која се смета за христијанска секта.

Здравствените власти во земјата тврдат дека припадниците на сектата минатиот месец во градот Даегу се заразиле едни со други, а потоа вирусот го пришириле ширум земјата.

А токму членови на таа секта беа во земјава подолг период, и во јавноста станаа познати и всушност беше откриено кои се тие, откако беше пуштено во јавност видео во кое наш сограѓанин ги нарекува со погрдни зборови „короништа“, алудирајќи на тоа дека тие се Кинези, односно дека се од земјата од каде што почна ширењето на коронавирусот. Овој настап на скопјанецот веднаш, со право, беше оценет како ксенофобичен и беше осуден од многумина, а на граѓаните од Кореја им се извинија домашните власти. Се извинија од Министерството за надворешни работи, како и градоночалникот на Скопје Петре Шилегов. 

А Фактор дозна дека тие впрочем и не се од Кина туку од Јужна Кореја и се членови на невладина организација, а во Свети Николе одржале предавање за мир толеранција и разбирање.

Односно, какко што веќе пишувавме, Корејците се членови на невладината организација „Heavenly Culture World Peace Restoration of Light (HWPL) и тие во основните училишта во Свети Николе одржале работилници на тема „Мир, толеранција и меѓусебно разбирање“ со ученици од 7,8,12 и 13 години. 

Но, откако истражувавме која е невладината „Heavenly Culture World Peace Restoration of Light (HWPL) и со што се занимава, откривме дека нејзин водач, како што стои на интернет страницата е Ли-Ман-хе, кој пак е корејски религиозен лидер. Тој е основач и на Shinchonji Church of Jesus the Temple of the Tabernacle of the Testimony - Јужнокорејска христијанска група која беше обвинета дека е религиозен култ, а водачот тврди дека Исус Христос се појавил пред него како фигура. Лее беше обвинет дека е „лажен проповедник“.

Се крена и прашина во домашната јавност дали членови на таа група требало да држат предавање во домашните основни училишта. Од Министерството за образование и наука за Фактор тогаш се оградија дека не дале дозвола за проекти од ваков тип, како и дека сите проекти во училиштата ги одобрува Бирото за развој на образованието.

Можеби ќе ве интересира

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја