23 Ноември, 2024
0.0317

Корејците се од религиозен култ, Министерството не одобрило да „пропагираат“ во училишта

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Во јавноста стана познати по ксенофобичните изјави кон нив од скопјанец кој снимајќи ги во Скопје им довикуваше да си одат од земјава, ги бркаше и им викаше „короништа“ оти ако се од Кина овде ни го носат коронавирусот. Чинот кои го осудија многумина, речиси сета јавност носеше и извинување кон четворицата кон кои беа упатени овие навреди. Се извинија од Министерството за надворешни работи, градоночалникот на Скопје Петре Шилегов. Фактор дозна дека тие впрочем и не се од Кина туку од Јужна Кореа и се членови на невладина организација, а во Свети Николе одржале предавање за мир толеранција и разбирање.

Кореанците се членови на невладината организација „Heavenly Culture World Peace Restoration of Light (HWPL) и тие во основните училишта во Свети Николе одржале работилници на тема „Мир, толеранција и меѓусебно разбирање“ со ученици од 7,8,12 и 13 години. Градоначалникот на Свети Николе Сашо Велковски на фејсбук објави дека членовите на невладината дури ги наградиле учениците со подароци.

„Исто така при посетата беа договорени понатамошни активности кои ќе се развиваат со меѓусебна соработка, стои во објавата на градоначалникот.

Која е невладината „Heavenly Culture World Peace Restoration of Light (HWPL) и со што се занимава? Нејзин водач, како што стои на интернет страницата е Man Hee Lee кој пак е корејски религиозен лидер. Тој е основач и на Shinchonji Church of Jesus the Temple of the Tabernacle of the Testimony - Јужнокорејска кристијанска група која беше обвинета дека е религиозен култ, а водачот тврди дека Исус Христос се појавил пред него како фигура. Лее беше обвинет дека е „лажен проповедник“

Денеска на социјалните мрежи имаше реакции дека оваа група воопшто и не требало да одржува предавање во домашните основни училишта. Кој дал дозвола и дали некој следи што се случува особено што во некои земји активностите на оваа невладина се забранети?

Од Министерството за образование и наука за Фактор велат дека претставници на невладината од Јужна Кореа биле во Министерството и одржале еден состанок со нив. Сепак се оградуваат дека тие дале дозвола за проекти од ваков тип и велат дека секако сите проекти кои се одржуваат во училишта ги добрува Бирото за развој на образованието.

„Претставници на невладината организација од Јужна Кореја чија мисија е пропагирање на светски мир и межусебна почит и толеранција беа во МОН. Одржан е еден првичен состанок на кој тие ги претставија нивните цели и идеи, но организацијата комуницира непосредно со општини кои пројавиле интерес за соработа. Така што МОН не располага со повеќе информации колу нивниот ангажман и реализирани активности на локално ниво, стои во одговорот од Министерството.

А.Т. 


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР