Македонија го зголемила трошењето за вооружување за 30 отсто
Објавено во: Економија 29 Април, 2020
Македонија е шестото место на Балканот по пораст на финансиите издвоени за вооружување во 2019, покажува новиот извештај на Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм (СИПРИ).
Земјата во однос на 2018 ги зголемила буџетските средства за вооружување за 30 отсто а вкупните трооци за набавка на оружје и опрема изнесуваат 151 милиони американски долари.
Бугарија забележа најголемо релативно зголемување на воената потрошувачка на глобално ниво минатата година, како резултат на набавка на борбени авиони, Воените расходи на Бугарија пораснаа за 127% во 2019 година, односно на вкупно 2,127 милијарди американски долари како резултат на целосната исплата за осум нови борбени авиони.
Србија е на петтото место со воено трошење од 1,144 милијарди американски долари во 2019 година, што претставува зголемување од 43 проценти споредено со 2018 година.
Бугарија и Романија ги зголемија своите воени трошоци во периодот меѓу 2010 и 2019 година за повеќе од 165и , односно 154 отсто, соопшти СИПРИ.
СИПРИ е меѓународен институт со седиште во Шведска, посветен на истражување за конфликти, вооружување, контрола на оружјето и разоружување.