08 Мај, 2024
0.1563

МАКЕДОНЦИ ВЕЌЕ РАБОТАТ ЗА НУТЕЛА: Како да отворите профитабилен бизнис?

Објавено во: Агробизнис 10 Август, 2016

Добивај вести на Viber

По најавата за влез на Нутела на македонскиот пазар, со откуп на земја за производство на лешници, потсетуваме дека италијанската фабрика одамна соработува со македонските производители. Компанијата сака да откупи до 20 хектари и во наредните 4 до 5 години ќе тестира кој вид на лешник најмногу успева на македонската почва, а потоа планира произвдоство. Тие и досега го откупаа македонскит лешник и тоа по 3 евра за килограм индустриски лешник. Фактор за ова пишуваше и лани кога детално ве запознавме со можноста за производство и откуп на лешници од Нутела. ЕСЕН Е ВРЕМЕ ЗА СТАРТ: Профитабилен агробизнис со заработка од 6.000 до 7.000 евра! Садникот е едногодишен и истиот треба да пророди после втората година откако е засаден, а од 3-4 година ќе почне да го зголемува капацитетот на раѓање, објаснуваше за Фактор Саше Крстевски, производител на оваа сорта на лешници и овластен застапник за садници. lesnik2“Им препорачувам на сите оние кои планираат да садат лешници оваа година да си направат анализа на почвата за да знаат понатаму со какви ѓубрива да ја прехрануваат земјата за правилно да се одгледуваат насадите. Најважниот услов при одгледувањето на лешниците е водата, сонцето и прихраната со ѓубрива. Земјиште треба длабински да се изора, до 50 сантиметри во длабочина. Откако земјиштето убаво ќе се изработи, се пушта тањирача за да се израмни површината за да може потоа да влезе возило кое би ги ископало дупките за насадот. Јас во мојот случај дупките за насадот ги копав со багер (50 сантиметри ширина, 50 сантиметри длабочина). Откако ќе се направат дупките се става една до две лопати шталско кравјо прегорено ѓубриво. Потоа ѓубривото се покрива со 3-4 лопати земја и се става садникот за да се засади на длабочина од 40 цм. На садниците им се става земја и убаво се тапкаат за коренот да не прима воздух. По овие постапки, на крај се додава 10 литри вода по садник, рече Крстевски. целата сторија ТУКА