02 Мај, 2024
0.0258

На овој музеј Бијонсе со својот спот му донесе над 10 милиони посетители

Објавено во: Свет 07 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Најпознатиот музеј во светот, Лувр во Париз, лани имал повеќе од 10 милиони посетители. 

Тој ја надмина бројката од десет милиони посетители во 2018 година, неспоредлива за еден меѓународен музеј на ликовна уметност и антиквитети, јави дописникот на МИА.

Ново е тоа што секоја сабота има бесплатен влез, но во период од 18 до 21.45 часот. 

Се смета дека ваква бројка на туристи е постигната поради музичкиот спот на Бијонсе и Џеј Зи. 

Тие лани ги изненадија своите фанови со уметничко видео, снимено во парискиот музеј. 

Во видеото на Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи - „Apeshit" можат да се видат слики како Мона Лиза, како и други светски познати уметнички дела. Видеото е видено преку 146 милиони пати на Фејсбук.

Од Лувр велат дека за успехот придонела и изложбата на францускиот уметник Делакроа.

Од музејот забележуваат значително зголемување на странските туристи, тоа е скоро три четвртини од сите посетители. Најчести посетители се туристите од САД, Кина, други европски држави и Бразил. 

Музејот го посетиле 8,1 милиони луѓе во 2017 година, што претставува зголемување од 10 отсто во однос на 2016 година, кога имаше затишје поради нападите. До 2025 година се очекува овој музеј да има над 12 милиони посетители годишно. Во 2010 година имале 8.5 милиони туристи. Во 2013 година во Лувр влегле 9.7 милиони луѓе. 

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа