На земјата со најмоќна економија и се заканува вулкан?
Објавено во: Свет 13 Јули, 2018
Честите земјотреси помеѓу Баварија, Саксонија и соседна Чешка создаваат сомнежи дека се буди вулканот под германската покраина, Баварија.
Алармот е вклучен откако само во текот на пролетта во регионот биле регистрирани повеќе од 1.000 земјотреси.
„Мислиме дека надгледуваме будење на еден вулкан“- вели Торстен Дам, од германскиот центар за геолошки истражувања.
Додава дека на тоа упатуваат повеќе фактори меѓу кои и фактот што во регионот се создава резервоар со магма.
Дам и неговиот тим наскоро ќе направат повеќе подземни истражувања со цел подетално да се објаснат случувањата во критичното подрачје.