Добивај вести на Viber
Некои луѓе во светот имаат толку многу пари, што просто не знаат што да прават со нив па ти трошат на смешни и непотребни ситници. Ви претставуваме шест премногу скапи работи без кои е многу лесно да се замисли животот.
Hello Kitty
Познатата мачка на јапонскиот уметник го освоила светот како епидемија. Страствените колекционери се подготвени да дадат дури 163.000 долари за "Hello Kitty" фигура украсена со скапоцени камења.
Пица со кавијар
Најскапата пица во светот е продадена во њујоршката пицерија "Nino's bellissima pizza". Едно парче чинело 125 долари, а филот се состоел од лосос, лук и четири видови на кавијар.
Ташна од платина
Дизајнерската компанија "Ginza Tanaka", во 2007. година во Токио претставила ташна направена од чиста платина, украсена со скапоцени камења. Чинела неверојатно 1.6 милиони долари!
Tекила
Замислете колку пари треба да имате за да потрошите 225.000 долари на алкохол. Токму толку чинело платинестото шише текила кое во 2006. година го купил еден приватен колекционер од Мексико.
Телевизор од бело злато
LCD телевизорот "Yalos Diamond" чини 130.00 долари. Украсен е со бело злато и брилијанти од 20 карати.
Дијамантска кесичка за чајБританската златара "Bulds" направила дијамантска кесичка за чај, во чест на 75-годишнината на произведувачот на чај "PG Tips". Станува збор за рачна изработка, а кесичката била украсена со 280 дијаманти, што ја објаснува цената од 14.000 долари