02 Мај, 2024
0.0502

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

Објавено во: Свет 18 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Најдобрата новинарска фотографија во 2024 година е направена во Газа. 

Фотографот на Ројтерс, Мухамед Салем, ја доби престижната награда „2024 World Press Photo of the Year“ за неговата фотографија од Палестинка која плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа. Во прогласувањето на добитникот на наградата, Светската фоторепортерска фондација со седиште во Амстердам ја истакна важноста на признавањето на опасностите со кои се соочуваат новинарите кои покриваат конфликти. Жирито ја избра победничката фотографија меѓу 61.062 фотографии поднесени од 3.851 фотограф од 130 земји.

„Почувствував дека фотографијата ја сумира поголемата смисла на она што се случува во Појасот Газа“, вели авторот на најдобрата новинарска фотографија на годината, Мухамед Салем.

Фотографијата е направена на 17 октомври лани во болницата Насер во Хан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, каде семејствата трагаа по роднините убиени во израелските бомбардирања. На фотографијата се гледа како Инас Абу Маамар (36) липа и го држи телото на нејзината внука Сали завиткано во чаршаф во болничката мртовечница. 

Мухамед Салем, 39-годишен палестински фотограф, работи за Ројтерс од 2003 година. Тој ја освои истата награда во 2010 година. Судиската комисија рече дека неговата победничка фотографија во 2024 година била „компонирана со грижа и почит, обезбедувајќи метафоричен и дословен увид во незамислива загуба”.

Во војната меѓу Израел и Хамас, која избувна по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, загинаа 99 новинари.
фото принтскрин Твитер

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа