11 Мај, 2024
0.0246

НЕМА ВЕЌЕ ЛЕТНО И ЗИМСКО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Европскиот парламент со конечна одлука која гласи вака!

Објавено во: Свет 26 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Европа сега е чекор близу до крајот на праксата на поместување на стрелките на часовниците откако Европскиот парламент гласаше за укинување на зимското и летно сметање на времето.

Сега мора да се најде компромис, со секоја држава членка на ЕУ.

Европскиот парламент денеска со големо мнозинство гласаше за ставање крај на поместување на стрелките на часовникот во ЕУ од 2021 година.

Според предложениот амандман, земјите кои планираат да останат трајно во летното сметање на времето би требало своите часовници последен пат да ги поместат последната недела во март 2021 година, додека оние кои преферираат зима би требало да го направат тоа последната недела од октомври 2021 година.

По денешното гласање Европскиот парламент е подготвен за понатамошни преговори со Советот на министри.

-Пред донесување на одлуката за тоа кое стандардно време ќе се применува, државите членки треба да спроведат јавно советување како би ги земале предвид желбите на граѓаните. Исто така во изборот на временската зона секако се релевантни и географските фактори и специфичност на регионите во кои се наоѓаат поедини држави членки.

За спроведување на оваа Директива потребна е меѓусебна соработка на државите членки за да на усогласен и координиран начин се донесат одлуки за предвиденото стандардно сметање на времето.

Потребно е да се воспостави координациски механизам кој ќе се состои од по еден именуван претставник од секоја држава членка и еден претставник до Комисијата.

Во рамки на координацискиот механизам би требало да се разгледа и оцени потенцијално дејство на изборот на стандардно време на државите членки на функционирање на внатрешниот пазар.

За да се избегнат пореметување во сообраќајот, комуникациите и другите сектори, државите членки би требало најдоцна до 1 април 2020 да ја известат Комисијата во случај да планираат да го променат своето стандардно време последната недела во октомври 2021 година-рекол хрватскиот пратеник во ЕП Давор Шкрлец.



Можеби ќе ве интересира

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена