08 Мај, 2024
0.0217

Ништо од Џеј Ло на отворањето на Мудијалот

Објавено во: Стил 09 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Славната американска пеачка и глумица од порториканско потекло Џенифер Лопез го откажа настапот на свеченото отварање на Светското првенство во Сао Паоло на 12 јуни.

Како што соопштуваат од Меѓународната фудбалска федерација (FIFA), Лопез го откажала улчеството на отворањето „поради продукциски причини“ и таа нема да се појави на стадионот Коринтијанс.

Четириесет и четири годишната Лопез требаше да пее заедно со раперот Питбул, бразилската пеачка Клаудија Леит и групата Олодум на официјалната химна на Мундијалот „Ние сме едно“.

Светското првенство ќе биде оддржано од 12 јуни до 13 јули.