Добивај вести на Viber
24 часовен штрајк за денеска закажа синдикатот на државните службеници АДЕДИ како одговор на Владата за воведување на цивилна мобилизација за околу 85.000 наставници која треба да стапи на сила утре.
За време на денешниот штрајк училиштата нема да работаат, а отежнат ќе биде и превозот.
Грчката Влада, вчера, воведе цивилна мобилиација за наставниците со цел да ги спречи со штрајк да го нарушат оддржувањето на приемните испити на факултетите од 17 до 31 мај.
Како што изјави вчера портпаролот ваквата мерка за мобилизација била „морална обврска“ на Владата. Причината за штрајкот на наставниците во Грција е незадоволството од воведувањето на подолго работно време и недоброволно преместување на наставниот кадар.