03 Мај, 2024
0.0263

Од кои пари „Макошпед“ купува акции во „Фершпед“?

Објавено во: Економија 05 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Ќе им објасни ли некој на малите акционери во „Макошпед“ зошто менаџментот плати над 20 милиони денари за 449 акции во „Фершпед“ што е повеќе пари од кварталниот приход од продажба на „Макошпед“ и од каде се тие пари? Особено кога се знае дека акциите на „Фершпед“ три години наназад не носат дивиденда. Си игра ли некој со имотот на акционерите на „Макошпед“?

„Макошпед“ за 449 акции во „Фершпед“ плати повеќе пари од целиот негов приход во првите три месеци годинава! Ова се официјални податоци кои се поставени на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност.
„Макошпед“ на 21 јуни купи 449 обични акции во „Фершпед“ и за нив плати 20,6 милиони денари. Според официјалните податоци што ги објави компанијата во првите три месеци годинава таа имала вкупни приходи кои се пониски од парите што ги плати за овие 449 акции. Вкупните приходи од продажба на „Макошпед“ во првиот квартал изнесуваат 18,6 милиони денари. Која е логиката на менаџментот да купи акции во вредност која е повисока од вкупните приходи за три месеци работење? И од кои извори на средства „Макошпед“ плати 20,8 милиони денари за 2,5 отсто од акциите на „Фершпед“? Кој е приоритетот да се купат акции во компанија која во последните три години не поделила дивиденда на своите акционери? И дали е оваа акција на менаџментот прифатлива за акционерите на „Макошпед“ и особено за малите акционери во компанијата ? Ова се прашања кои „Фактор“ со цел објективно информирање на јавноста и особено на малите акционери во „Макошпед“ и ги постави на Марија Каранфиловиќ , генерален директор на компанијата. Доколку добиеме одговори „Фактор“ во целост ќе ги објави.

„Макошпед“ акциите во „Фершпед“ ги купи на 21 јуни и тоа во три блок трансакции купи 448 акции по цена од 45.958 денари за акција и една акција во класично тргување по цена од 45.000 денари за акција. Со оваа купопродажба „Макошпед“ стана акционер што поседува 7,40 отсто од акциите во „Фершпед“ и е трет по големина поединечен акционер по браќата Накови.

Зошто „Макошпед“ во два дена за акции плати 724.000 евра?

„Макошпед“ за два дена плати 44,66 милиони денари односно 724.000 евра за акции. Прво купи сопствени акции од својот член на управен одбор, а потоа и купи акции во „Фершпед“. За потсетување „Макошпед“ плати 495 денари за секоја купена акција од Никола Лазаров, неговиот акционер и член на Одбор на директори иако во истиот период друга фирма голем акционер продаде свои акции во „Макошпед“ по цена од 185 денари за акција! Со ова Лазаров оствари добивка од 338 денари затоа што акциите што сега ги продаде за 495 денари ги купи во март по цена од 157 денари за акција. Дали инструментот „сопствен откуп“ кој е предвиден во ЗТД за заштита на друштвото од обиди за непријателско превземање компании и ценовни манипулации овој пат се употреби правилно? Повеќе на следниот линк http://faktor.mk/koj-akcioner-zaraboti-226000-evra-utrapuvajkji-mu-sopstveni-akcii-na-makoshped

Во овој текст „Фактор“ испрати прашања во акционерите Никола Лазаров, до најголемиот поединечен акционер „Ултимус“, до менаџментот на „Макошпед“и до Комисијата за хартии од вредност. Затоа што акциите на Лазаров „Макошпед“ му ги плати по цена од 495 денари, а во исто време фирмата „Бусико“ продаде акции во „Макошпед“ по цена од 185 денари.
Единствено досега одговори Комисијата за хартии од вредност и нивниот одговор го пренесуваме во целост:

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија го следи тргувањето на пазарот на хартии од вредност, вклучувајќи го и тргувањето со акцијата која што Ви е предмет на интерес.  КХВ презема активности во рамки на своите надлежности. 

За тоа што превзема КХВ во рамки на своите надлежности во врска со случајот со „Макошпед“ , „Фактор“ повторно ќе праша за одредено време кое на КХВ и е потребно за дејстивија. Секако ова ќе го направиме заради целосни и објективно информирање на читателите на „Фактор“ и особено на малите акционери во „Макошпед“.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски