Добивај вести на Viber
ММф за новогодишна вечера за своите вработени плати сметка од 500.000 долари (380.000 евра) пишува Вашингтон пост.
Меѓународниот монетарен фонд како институција која одобрува приверемени финансиски средства за земјите кои се соочуваат со поголеми финансиски проблеми, одлучи да го прослави Божиќ со стил.
На оваа прослава присуствувале околу 7000 гости кои уживале во мени со остриги, кавијар и други задоволства. Вечерата била одржана на 15 декември и траела до еден часот по полноќ.