ОД СИРИЈА ЌЕ ЗАМИНАТ ЗА БИХ: Стотици луѓе поврзани со Исламска држава ќе се вратат дома
Објавено во: Балкан 31 Октомври, 2019
Стотици мажи и жени поврзани со Исламска држава чекаат да се вратат во БиХ.
„Во три бегалски кампови во Сирија престојуваат стотина мажи и 160 жени и деца кои можат да се поврзат со БиХ и теоретски имаат право да се вратат во земјата, но тоа ќе биде дозволено само доколку се потврди дека навистина станува збор за лица со државјанство на БиХ, изјави министерот за безбедност на земјата, Драган Мектиќ, а пренесе хрватски „Индекс“, повикувајќи се на локални медиуми.
Станува збор за мажи против кои претходно се отворени истраги во БиХ и кои се наоѓаат на црвените листи на Интерпол, под сомнение дека сториле кривично дело здружување во терористички групи.