02 Мај, 2024
0.0460

ОДГОВОРНИ НА БЛОКОВИ, СОБИРАЧИ НА СМЕТ, ВОЗАЧИ, ЧИСТАЧ... - еве кој тип на вработени од вкупно 27 добија откази од Комунална хигиена

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Нема милост за учесниците во протестите во Комунална хигиена. Синоќа во тензична атмосфера се поделени уште 27 откази. Тоа го дознале откако отишле на работа во трета смена, каде се прочитале на огласната табла.

Според информациите, 27-те лица кои добиле откази биле учесници во протестите, а 10 од нив биле на позиција „одговорни на блокови“, седуммина вработени кои собираат смет, пет возачи на специјални тешки товарни возила, еден одговорен на смена како магационер, чистач, возач на лесно специјално возило за товарење и возач на мало возило што чисти патишта. 

Како што е познато, протестирачите три дена по ред протестираа со барање за повисоки плати, исплата на К-15 и други услови.

Според градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и директорката за претпријатието, Косана Мазнева, во ЈП Комунална хигиена имало големи злоупотреби. Биле вработени 70 лица од едно семејство, а 43 од друго. Обвинија дека постоеле мафијашки кланови, па само одредени лица работеле ноќна смена, а некои од нив и воопшто не оделе на работа, а земале плата живеејќи и работејќи во Германија. Над 30 лица со години живеат во Германија, но земале месечни плати од Комунална хигиена.

Можеби ќе ве интересира

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка