30 Април, 2024
0.0284

ОГЛАСИ: Работа има за општи работници, продавачи, келнери, но што е со административните службеници?

Објавено во: Економија 21 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Во Македонија периодов најмногу се бараат општи работници, продавачи,  шивачи, хигиеничари и келнери.

Овие податоци се објавени на веб страницата на Агенцијата за вработување, при што може да се забележи дека овие професии се на врвот, но на дното се административните службеници и за нив сега има најмалку слободни работни места. 

Повеќе од 500 слободни работни места има за општи работници, за продавачи над 460, додека за келнери има повеќе од 330 слободни работни места. Се барат и повеќе од 530 шивачи, но и 227 хигиеничари. 

„Мислам дека тоа што келнерите се во три најбарани професии нема врска со туристичката сезона. Келнери се бараат во текот на целата година. Тие се потребни во ресторани и кафулиња, но не мислам на оние кадри кои се приучени, како студенти, млади, туку на луѓе кои се образувале  за таа струка и добро си ја знаат работата“, вели Крсте Блажески од ХОТАМ.

Понатаму на листата се возачи на камиони, готвачи, шанкери, програмери, градежни работници, бравари, тесари, заварувачи. 

За административни службеници има шеесетина слободни работни места.

Најмногу слободни работни места има во Скопје, Битола, Тетово, Виница и Кавадарци.

На ниво на држава, според податоците на Агенцијата за вработување има повеќе од 7.300 слободни работни места, но состојбата се менува од ден во ден, со тоа што се пополнуваат дел од работните места, а се објавуваат и нови огласи.

Поради Ковид -19 многу луѓе во земјава ги изгубија своите работни места.

Околу 12 илјади лица се евидентирани дека останале без работа од почетокот на март до крајот на јули поради пандемијата на коронавирусот. Само минатиот месец 2.500 луѓе останале без работа. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас