Османи: ВМРО-ДПМНЕ нема чувство на одговорност за сензитивни прашања
Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2018
Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи е уверен дека Законот за употреба на јазиците ќе биде изгласан и покрај тоа што опозицијата поднесе илјадници амандмани за да го блокирање носењето во повторената постапка откако претседателот Иванов одби да го потпише указот.
Османи одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека Законот за јазици произлегува од амандманот 5 од Уставот на РМ и од Рамковниот договор, и оти со негово донесување ќе биде заокружена имплементацијата на политичкикиот договор кој е донесен пред 17 години.
- Законот е целосно во рамки на Уставот и го задоволува и духот на Рамковниот договор. Ги помина сите фази во Владата. Жалиме што претседателот на државата не го потпиша законот и не успеа да ја искористи последната година од својот мандат да биде кохезивен фактор во општеството. Меѓутоа, жално е и што опозиционата партија ВМРО-ДПМНЕ не го искористи овој моментум за да ги потврди своите тврдења по изборите дека е погрешно интерпретирана и оти се антиалбански настроени или дека згрешиле во односот кон Албанците - рече Османи.