ОТИДЕ ПО ВАКЦИНИ ЗА СВОЈАТА ЗЕМЈА, АМА МАЛКУ И НА ШОПИНГ - Бериша објави фотографија како Еди Рама купува патики
Објавено во: Балкан 09 Декември, 2020
Поранешниот албански премиер Сали Бериша објави фотографија од премиерот Еди Рама во една од продавниците во Њујорк, како купува патики. Фотографијата ја објави со порака дека Рама е во Њујорк пет дена поради вакцини, но и поради шопинг за себе.
Рама пред неколку дена отпатува во САД, за да разговара со производителите на вакцини, за купување на истите за Албанија, пренесе албанскиот портал „Панорама“.
Бериша на својот Твитер објави фотографија на која се гледа Рама во црн капут, шарена маска како пробува патики во една продавница во трговски центар.
Рама минатата недела објави на Твитер при што ја извести јавноста дека патува за САД, за да обезбеди вакцини против коронавирус.
„Обезбедувањето на вакцини во што пократок рок е приоритет на нашата борба против невидливиот непријател и нема да оставиме камен на камен, за да вакцината почне да стигнува во Албанија што побрзо. Во тој поглед служи и контактот лице в лице со производителот на вакцините. На пат за САД“ напиша Рама на Твитер.
Еве ја фотографијата со Еди Рама.