08 Мај, 2024
0.0301

Ова се луѓето кои донеле погрешни инвестициски одлуки

Објавено во: Стил 02 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Кога се парите во прашање не умее секој да раководи со нив или пак да ја донесе вистинската одлука. Има многу такви кои не направиле правилна проценка за тоа  колкав потенцијал има една инвестиција, поради што пропуштаат милијарди и жалат за нив. Еве неколку примери кои ги одвои „Business Insider“: Нолан Бушнел Основачот на Atari, Нолан Бушнел, ја одбил приликата да инвестира 50.000 долари во Apple. Во Atari, Бушнел бил еден од првите шефови на Стив Џобс. Ако Бушнел се согласел да ги инвестира овие пари, денеска ќе беше сопственик на една третина од Apple, компанија чија вредност денес се проценува на 400 милијарди долари.  Роналд Вејн Третиот ко-основач на Apple, го продал својот удел од 10% во Apple по цена од 800 долари. Ако ги задржел, денеска ќе имаше околу 40 милијарди долари. Џо Грин Џо Грин е поранешен цимер на Закерберг со кој заедно студирале на Харвард и го создале Facemash што во тоа време ги доведе во неволја. Кога Закерберг му пристапил на Грин барајќи од него помош во стартувањето на Facebook, Грин го одбил затоа што татко му го обесхрабрил велејќи дека не треба да се нафати на нов проект со Марк. Ако Грин прифател, денеска ќе поседуваше околу 5% од уделот во компанијата, што би го направило побогат за три милијарди долари.