Оваа земја е лидер по производство на сладолед во ЕУ
Објавено во: Свет 28 Август, 2019
Германија произведува најмногу сладолед во ЕУ.
Тие произведуваат 494 милиони литри или 15,5 проценти од вкупното производство на ЕУ28. Податоците на Евростат за 2018 година покажуваат дека Франција е на второ место, со 451 милиони литри или 14,1 процент а по неа следи Италија со 435 милиони литри или 13,7 проценти. Производството во 28. земји членки на ЕУ е 3,1 милијарда литри.