09 Мај, 2024
0.0267

Пет начини да го вклучите лебот во вашиот здрав начин на исхрана

Објавено во: Мои пари 04 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Лебот е состојка која ни овозможува долготрајна енергија во текот на целиот ден. А бидејќи здравиот начин на исхрана станува се поприоритетен, ви предлагаме 5 начини како да го вклучите лебот во вашиот здрав начин на исхрана. Притоа, идеално е да ги користите новите интегрални супер лебови на Жито Лукс - со супер семки - чија и тиква, со супер житарки - со и’зртена спелта и овес или со супер зрна - хељда и амарант, кои се вистински избор за избалансирана и здрава исхрана. Правени по едноставна рецептура која во својата основа има исклучиво 100% целозрнести состојки, новите лебови дополнително се збогатени со супер  семки, зрна, житарки  и маслиново масло за уникатно богат вкус, па затоа во вистинска смисла на зборот претставуваат супер лебови за супер навики.

Прво што Ви предлагаме е потпечен леб со шери домати. За овој вкусен оброк се потребни неколку парчиња од Интегралниот лебот на Жито Лукс со супер зрна-хељда и амарант, кој самиот по себе претставува извор на витамини и минерали, антиоксиданси, протеини, диететски влакна и многу други корисни состојки, како и шери домати, маслиново масло, лук во прав, босилек, сол и мајчина душица.


Начин на подготовка: Потпечете ги парчињата леб и шери доматите на грил тава. Ставете половинки шери домати врз парче леб, наросете со лук, босилек, сол и мајчина душица. Премачкајте ги со маслиново масло и уживајте.

Нашиот втор предлог е печен леб со хумус и зеленчук. Потребни се неколку парчиња Интегрален леб со супер житарки - спелта и овес на Жито Лукс, потоа хумус, сува пиперка, свежи шампињони, лук, чили снегулки, наут и семе од коноп. Овој леб изобилува со минерали, растителни влакна, незаситени масни киселини, протеини и други здрави состојки, а со негово користење се добива здрав оброк кој истовремено има и одличен вкус

Начин на подготовка: Испржете ги шампињоните заедно со лукчето во тава, додадете ги сувите пиперки, наутот, чили снегулките и семето од коноп и пропржете ги. Парчињата леб испечете ги на тостер, намачкајте хумус и додадете ја претходно подготвената смеса. На крај, наросете со свеж магдонос и уживајте.

Вкусен оброк е и сендвичот со туна и црвена пиперка. За овој рецепт потребни се две парчиња Интегрален леб со супер семки-чија и тиква на Жито Лукс кој е богат со омега 3 киселини, антиоксиданси, диететски влакна и многу други хранливи состојки, потоа 50 гр. туна од конзерва, кромид, црвена блага пиперка, копар, сол, црн пипер, марула и авокадо.


Начин на подготовка: Исцедете ги парчињата туна и исечкајте го кромидот и пиперката. Испасирајте го авокадото и промешајте го со туната, па додадете ги кромидот и пиперката, солта и црниот пипер. Намачкајте го парчето леб со смесата, ставете лист од марула и поклопете го со другото парче леб.

Рецепт кој може да ви стане омилен е и отворениот тост со ракчиња и авокадо. За овој рецепт потребни се две парчиња леб со супер семки-чија и тиква на Жито Лукс, авокадо, домати, јајце, свежи или замрзнати ракчиња, лимон, и слатко-лут сос.

Начин на подготовка: потпечете ги двете парчиња леб на тостер, едното прекријте го со неколку парчиња авокадо, а другото намачкајте го со пасирано авокадо. Врз парчињата авокадо ставете 2 парчиња домат исечен на тркалца и додадете 2 половини меко варено јајце. Наросете со семе по желба. На другото парче леб ставете ја смесата од претходно подготвените ракчиња зготвени со сок од лимон и слатко-лут сос. Додадете зачин по желба и уживајте во миксот на вкусови.

Лебот можете да го вклучите во вашиот оброк  и со подготовка на сендвич со сирење и зеленчук. Потребни се две парчиња леб со супер зрна - од хељда и амарант на Жито Лукс, марула, намаз од сирење, домати, свежа репка, ситно сечкани печени пилешки гради и свежа краставица.


Начин на подготовка: на едно парче леб нанесете го намазот од сирење, додадете ја марулата, сечканите парчиња пилешки гради, доматот сечен на кругови и краставицата. Додадете уште еден ред пилешки гради, а врз тоа марула. Поклопете со уште едно парче леб премачкано со намаз од сирење и вашиот сендвич е готов.


Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори