По серијата на пожари ќе се дебатира во каква состојба е ДЗС
Објавено во: Македонија 04 Август, 2017
Во Собранието на Република Македонија денеска на седница на комисијата за одбрана и безбедност ќе се расправа за подготвеноста на Дирекцијата за заштита и спасување, особено по серијата на пожари која ја зафатија нашата земја.
Комисијата за одбрана и безбедност денеска ќе разгледува Информација за моменталната состојба на Дирекцијата за заштита и спасување, нивната опрема, технички средства, возила, механизација и резервите, како и степенот на обучување, оспособување и опремување на силите за заштита и спасување и човечкиот капацитет со кои располагаат.
ДЗС е една од најзначајните институции кога е во прашање справувањето со огнените стихии на отворено бидејќи тие располагаат како со техничка опрема, така и со знаење и капацитети за организација на активностите на терен во итни ситуации.