Почина позната српска актерка Неда Арнериќ
Објавено во: Балкан 10 Јануари, 2020
Познатата српска актерка Неда Арнериќ почина денеска на 67-годишна возраст.
Телото го пронашол нејзиниот брат во трпезарија, пренесува Телеграф.рс. Нема знаци на насилство, а полицијата и брзата помош се наоѓаат во домот.
Арнериќ е родена на 15 јули 1953 година во Књажевац и имаше богата актерска кариера.
Во текот на нејзината кариера, таа оствари улоги во десетици филмови.