Погледнете во паричникот, ако имате ваква банкнота ќе заработите 8.000 евра
Објавено во: Финансии 06 Декември, 2016
Со банкнота од 10 динари оние кои живеат во Србија не можат да купат ниту кутија ќибрит, но има банкнота која вреди многу повеќе.
Станува збор за банкнота од 1885 година. Како што тврдат колекционери, таа е ретка, а за неа плаќаат од 3.000 до 8.000 евра.
Овие банкноти биле повлечени од употреба, а оние кои останале во оптек се растурени и претставуваат вистинско „мало богатство“.
Хартијата е бела на оваа банкнота, а написот 10 динари стои на кирилица.
Димензиите се 131 на 96 мм.
Во Србија постои страст за собирање на стари пари.
Со ова хоби во земјата се занимаваат десетина илјади луѓе.
Се претпоставува дека во земјата има 30.000 колекционери.