02 Мај, 2024
0.0254

ПОЛИТИЧАР КОЈ СО ГОДИНИ ЈА ЛУТИ ЕВРОПА И „ЈАДЕ“ ШАМАРИ: Кој е Виктор Орбан?

Објавено во: Свет 14 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Поради цврстите ставови кон мигрантите, Виктор Орбан е еден од најконтроверзните лидери во Европа.

Со коментари како оној дека мигрантската криза е „германски проблем“ и дека Унгарците имаат права да „не живеат заедно со Муслиманите“ ги испровоцирал силните критики на европски политичари.

Орбан веќе долго време ги лути странските колеги со контроверзните политики, вклучувајќи и тесни врски со Русија.

Без разлика на тоа што е на чело на најмоќната влада на Унгарија од падот на комунизмот, Орбановата посветеност на демократски начела и економски развој е долго под знак прашање.

Орбан го привлече вниманието како млад правник кој на 16 јуни 1989 година барал повлекување на Советските сили од Унгарија и барал слободни избори.

„Политичко дно“

Како што пишува во официјалната биографија, објавена на сајтот на премиерот Орбан во тоа време бил основач на Федерацијата на млади демократи, која подоцна на чело со Орбан, ќе стане Унгарски сојуз (ФИДЕС) владеачка партија во Унгарија.

Неколку години подоцна почнала унгарската транзиција кон повеќепартиска демократија.

GETTY IMAGES


Три години подоцна, Орбан ја менува идеолошката ориентација на ФИДЕС кон десно и на изборите во 1998 година станува премиер на чело на централно-десната коалициона влада.

Таа истата влада ја однесе Унгарија во НАТО и успеа да ја намали инфлацијата во земјата, задржувајќи го економскиот раст.

Репутацијата му ја нарушија корупциските афери и имиџ од „резорни фактори“, така што конечно после првиот мандат завршил во опозиција каде ќе помине во наредните осум години.

Роден е на 31 мај 1963 година во мало унгарско село. Студирал право на Универзитетот во Будимпешта, а подоцна историја на британска либерална филозофија на Универзитетот Оксфорд.

Бил премиер на Унгарија од 1998-2002 и од 2010 до денес.

Тој е оженет , татко на пет деца а игра и со страст следи фудбал.

Политичките аналитичари го опишуваат Орбан како популист. Британскиот магазин „Економист“ го прогласи за „политичко дно“ повикувајќи се на „циничниот популизам и авторитативен стил на владеење“ на Орбан.

ФИДЕС на Орбан во 2010 година, заедно со Христијанско демократската народна партија, освоил мнозинство и се вратил на власт.

Орбан тогаш рекол дека двотретинска победа претставува „желба на Унгарците да го затворат пост-комунистичкото поглавје“.

Поединци го опишуваат како прагматичен политичар, додека Орбан самиот себе се смета за некој кој води стабилна и силна политика и се бори против бирократија, додека во исто време го јакнее неговиот допринес во општеството.

„ВИКТАТОР“

Наврзо се посветил на уставни и финансиски реформи со кои ги лутел противниците.

Следбениците велат дека вовел долго очекувани промени, како забрана на рано пензионирање, како и закон со кој системот за социјална заштита го направил потранспарентен.

Меѓутоа, критичарите го обвинуваат Орбан и неговата влада дека политиката која ја водат е контроверзна и тоа на сите полиња, од економија до религија.

Во декември 2011 година, парламентот го одобрил контроверзниот изборен закон со кој го препопловил бројот на пратеници и исцртал нови уставни гранции. Опозицијата тогаш го критикувала наведувајќи дека ги свртел работите во корист на неговата партија Фидес.

GETTY IMAGES

Месец дена подоцна, илјадници луѓе протестираа на улиците на Будимпешта против новиот закон и го означиле премиерот како диктатор нарекувајќи го „Виктатор“.

Луѓето тогаш на улиците извикувале „ѓубре“, алудирајќи на падот на кредитниот рејтинг на Унгарија кој се случи под водство на Орбан.

Законот за централната банка е донесен на 30 декември 2011 година, покрај предупредувањата на Европската унија и ММФ , кои предупредувале дека законот сериозно би ја нарушил независноста на ова тело.

Овој закон стана централен камен на сопнување во преговорите за избавување на Унгарија од кризата.

Европската комисија започна правен процес против унгарската влада поради реформата на Централната банка, заштита на податоци за личноста и правосудството.

Уставниот суд на Унгарија го урна и контроверзниот изборен закон со образложение дека ги скратува правата на гласачите.

ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ОРБАН ВО 2018

Следеа уште протести. Десетици илјади луѓе демонстрираа поради врските на Орбан со Русија и обвинувања за корупција.

Владата на Унгарија одобри во 2014 година договор вреден 10 милијарди евра за изградба на два нови реактори во нуклеарната електрана Пакс.

Орбан продолжил да ги критикува санкциите кои Европската унија и ги воведе на Русија поради кризата во Украина.

Foto: REUTERS

Орбан прими опасен шамар кога Русија во 2014 се откажа од плановите за изградба на јужниот тек од гасоводот - проект кој Орбан го поддржуваше и по противењето на Европската унија.

Популарноста на Орбан почна да слабее во 2015 година кога партијата Фидес изгуби две места на дополнителните избори.

Десничарската партија Движење за подобра Унгарија „Jobik“ тогаш го освои првото место во парламентот.

Се очекува дека  „Jobik“ ќе биде главен предизвик за Орбан на парламентарните избори во 2018та. Исто така се очекува дека Орбан на тоа ќе одговори со добро познатиот, патриотски стил.

Орбан останува запамтен и по оградата од 175 км која ја изгради на границата со Србија - уште еден обид на демонстрација на сила и моќ.

Сега пред Орбан е уште еден предизвик.

Тој е во дилема дали на другарот Никола Груевски да му даде политички азил. Доколку тоа се случи извесно е дека повторно ќе добие силни критики од Европската унија . Неизвесно е како ќе постапи ако се земе предвид фактот дека Груевски пребегна во Унгарија каде бара азил, но со меѓународна потерница ќе се бара негова екстрадиција.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа