03 Мај, 2024
0.0252

Поради кризата во март рекорден скок на плаќањата на интернет

Објавено во: Економија 08 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Плаќањата на физичките и правните лица во земјата со посредство на банките, преку користење на кредитните трансфери и платежните картички, во првиот квартал од оваа година пораснале за 15,2 отсто на бројот и 5,8 отсто на вредноста на остварените трансакции, соопшти Народната банка.

 Во однос на плаќањата со платежни картички во трговијата, забележан е висок годишен раст кај бројот и вредноста на остварените трансакции.

Во март, кога започна здравствената криза во нашата земја, кај плаќањата со платежни картички е остварен висок годишен раст на вредноста и бројот на трансакциите од 27,6 проценти и 31отсто, движен од физичките лица.

„По отпочнување на корона-кризата, физичките лица сè повеќе ги користеле придобивките на електронското банкарство. Бројот на електронски кредитни трансфери иницирани од страна на граѓаните во март се зголемил за значителни 30,3 отсто на годишна основа, односно за 21,4 проценти на месечна основа. За извршување на плаќањата, граѓаните особено ги користеле компјутерите. Поконкретно, кај плаќањата извршени преку компјутер, во март се забележува висок годишен раст од 26,4 проценти односно месечен раст од 27,2 отсто, кој е двојно повисок од годишниот раст во првиот квартал од оваа година. Исто така, за извршување плаќања, значително повеќе во споредба со претходно граѓаните ги користеле мобилните телефони. Бројот на плаќања извршени со мобилен телефон во март пораснал за 45,5 проценти на годишна основа, стои во извештајот.

Менувањето на навиките на граѓаните заради условите коишто ги наметна пандемијата на ковид-19, придонесе и за релативно висок годишен пад на бројот на кредитните трансфери иницирани на хартија.

Плаќањата со платежни картички на физички места на продажба во првиот квартал од 2020 година остварија висок годишен раст од 22,3 отсто. Во однос на користењето на платежните картички на местата на продажба на интернет, во првиот квартал од оваа година исто така е забележан висок годишен расткај бројот на трансакциите со 62,3 отсто, кој е движен пред сè од физичките лица. Граѓаните поинтензивно ги користеле платежните картички за купување преку интернет во март, достигнувајќи многу висок годишен раст од 99 отсто, при регистриран годишен пад кај бројот на трансакциите на правните лица за 2,5 проценти.


Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски