ПРАТЕНИК ОД ВЛАДЕЈАЧКОТО МНОЗИНСТВО Е ПРОТИВ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ - за Ибрахим е неуставна измената кај Комитетот за односи меѓу заедниците
Објавено во: Македонија 25 Јули, 2023
Со овој предлог не се почитува правичната и соодвената застапеност која е загарантирано со Уставот“, се вели во фејсбук статусот на Енес Ибрахим.
Инаку, во предлог-иницијативата за уставни измени што ја усвои Владата се предлага бугарскиот и уште пет други народи да се додадат во Преамбулата од Уставот. Во Преамбулата на македонскиот Устав треба да влезат и хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египќанскиот народ.
Покрај овие, предвидена е уште една уставна измена во однос на составот на Комитетот за односи меѓу заедниците со која се предвидува да се измени бројот на членовите, и тоа наместо досегашните 19 члена, бројот да се зголеми на 43 члена, при што 16 члена од редот на пратениците во Собранието Македонци и Албанци и по еден член од редот на пратениците Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци, Бугари, Хрвати, Црногорци, Словенци, Евреи и Египќани.