08 Мај, 2024
0.0345

ПРЕД ДА ТРГНАТ НА ОДМОР - туристите да се тестираат во своите земји - грчки предлог за патувањата

Објавено во: Балкан 13 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Грција смета дека патниците односно туристите треба да бидат тестирани за коронавирус или за антитела во својата матична земјата најмногу 72 часа пред да тргнат на одмор, за да избегнат пренатрупаност во влезните места, како дел од нивниот предлог за рестартирање на „нападнатиот“ туризам во Европската унија.

Во исто време, се вели дека тестовите може да се одвојат, и тоа помеѓу регионите и земјите-членки кои „покажале јасни и упорни докази“ дека пандемијата „Ковид-19“ е под контрола, пишува Катимерини.

„Додека во земјите има пандемија тестовите остануваат приоритет, а здравствените мерки треба да се спроведат на начин што ќе го минимизираат непотребното влијание врз прекуграничното патување“, се вели во нон-пејпер документот што грчката Влада го испратила до Европската комисија.

Грција вели дека туристичките движења треба да се рестартираат на начин што „обезбедува правичен третман“ на сите земји-членки, за да се избегне каква било „пристрасност за националноста“ во протоколите за патувања.

Покрај тоа, сите видови на транспорт, односно, и оние кои се одвиваат преку патиштата, воздух, воз или преку море, мора да се отворат во исто време и со пропорционални протоколи.

Планот, исто така повикува на флексибилност во врска со резервациите и сместувањето. Исто така, се вели дека треба да се разговара за политиката за компензација и поврат на средства за оние кои не се во можност да патуваат поради последната минутажана промена во околностите во земјата-членка на потекло или дестинацијата, или затоа што нивните тестови што ги направиле во земјата каде што допатувале покажале дека тие се позитивни на коронавирусот. 

Грција исто така предлага задолжителни маски и кај патниците и кај персоналот на летот во авиони.

Можеби ќе ве интересира

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

КАКО ДА КУПИТЕ СТАН ВО ЕДЕН ОД НАЈЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ ВО ЗЛАТИБОР: Со пристап до базен, ресторан, спа центар и теретана

КАКО ДА КУПИТЕ СТАН ВО ЕДЕН ОД НАЈЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ ВО ЗЛАТИБОР: Со пристап до базен, ресторан, спа центар и теретана

ВО ОВОЈ ЈАДРАНСКИ ГРАД, СЕ Е РЕЗЕРВИРАНО УШТЕ ПРЕД 6 МЕСЕЦИ: Се бара кревет повеќе

ВО ОВОЈ ЈАДРАНСКИ ГРАД, СЕ Е РЕЗЕРВИРАНО УШТЕ ПРЕД 6 МЕСЕЦИ: Се бара кревет повеќе

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката