РАДЕВ ЗА СКАНДАЛОТ СО БОРИСОВ: За разлика од него, мојата фантазија сепак има некаква граница
Објавено во: Балкан 18 Јуни, 2020
Откако вчера се појавија фотографии од бугарскиот премиер, Бојко Борисов од спалната соба додека спие, се огласи бугарскиот претседател Румен Радев, кого Борисов го обвини за овој скандал.
Борисов тврдеше дека Радев го шпионирал со дрон.Тој денеска оцени дека најголема закана за Владата е токму премиерот Борисов.
Вели дека никој не може подобро да ја дискредитира Владата од што може таа самата тоа да го стори.
„Сум управувал авион, сум управувал и дрон. Не можам да толкувам сè што кажа Борисов, бидејќи за разлика од него, мојата фантазија сепак има некаква граница“ – вели Радев.
Според бугарскиот претседател, најважно е да се врати довербата на јавноста во општеството. Тоа е можно само преку вистината, објави БГНЕС.
Радев додаде дека од тоа зависи иднина како правна држава, но главната улога тука ја има обвинителството.
Борисов е претседател на конзервативната „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ), а Радев дојде на претседателската позиција со поддршка на Бугарска социјалистичка партија (БСП).
На фотографиите се гледаше пиштол, пари и злато.