08 Мај, 2024
0.0232

РЕАКЦИИ ПО ПРЕСУДАТА ЗА МЛАДИЌ: За едни патриот, за други злосторник

Објавено во: Балкан 22 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

По пресудата за доживотна казна затвор за командантот на војската на босанските Срби Ратко Младиќ имаше реакции во регионот, но и пошироко.  

Хашкиот суд немаше цел да постигне помирување туку да докаже дека Србите се единствени виновници во претходните граѓански војни на просторот на поранешна Југославија, изјави српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ. 

„Хашкиот суд го завршува своето постоење на истиот начин на кој цело време постоеше, а тоа е дека немаше за цел да постигне меѓусебно помирување туку да докаже дека Србите биле виновни и дека тие се единствени виновници во претходните граѓански војни на просторот на поранешна Југославија“- рече Дачиќ за „Танјуг“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека доживотната казна на Меѓународниот трибунал во Хаг против генералот Ратко Младиќ за геноцид била очекувана, но може да биде обжалена.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека за српскиот народ, генералот Ратко Младиќ е вистински херој и патриот.

Членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, по повод пресудата изрази надеж дека таа ќе донесе освестување. Тој додаде дека е уверен дека мнозинство босански Срби не се поистоветуваат со Ратко Младиќ и дека не ги оправдуваат неговите дела.

Во своето обраќање Изетбеговиќ уште еднаш ги повтори сите точки од обвинението по кои Младиќ е осуден на доживотна казна затвор нагласувајќи дека тоа го прави намерно за сите да се соочат со тоа.

„Судијата рече дека Младиќ во светот ќе остане запаметен како злосторник. Изразувам длабоко сочувство со жртвите на здружениот злосторнички акт во кој Младиќ беше извршителот“- рече Изетбеговиќ.

Британскиот шеф на дипломатијата Борис Џонсон изјави дека пресудата за Ратко Младиќ покажува дека сторителите на ужасни злосторства не можат да побегнат од правдата.

Можеби ќе ве интересира

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

КАКО ДА КУПИТЕ СТАН ВО ЕДЕН ОД НАЈЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ ВО ЗЛАТИБОР: Со пристап до базен, ресторан, спа центар и теретана

КАКО ДА КУПИТЕ СТАН ВО ЕДЕН ОД НАЈЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ ВО ЗЛАТИБОР: Со пристап до базен, ресторан, спа центар и теретана

ВО ОВОЈ ЈАДРАНСКИ ГРАД, СЕ Е РЕЗЕРВИРАНО УШТЕ ПРЕД 6 МЕСЕЦИ: Се бара кревет повеќе

ВО ОВОЈ ЈАДРАНСКИ ГРАД, СЕ Е РЕЗЕРВИРАНО УШТЕ ПРЕД 6 МЕСЕЦИ: Се бара кревет повеќе

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката