РЕГИОНАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: Македонците со скромни очекувања за висината на платите
Објавено во: Економија 02 Декември, 2020
Истражување за платите покажа дека Македонците во регионот се најскромни, а Хрватите најамбициозни.
Хрватите посакуваат повеќе
од 1.100 евра плата, а Македонците во просек сакаат плата од 524 евра. Босанците очекуваат
809 евра, а Србите – 606.
Тоа го покажале резултатите од истражувањето
што го спроведе српскиот сајт за вработување
„Послови инфостуд“, кон кое се придружиле и
партнерските сајтови за вработувањe од
регионот – „Мој посао.ба“,
„Вработување.ком.мк“, „Мој посао,хр“ и
„Делогласник.си“. Како што
пренесуваат српски медиуми, анкетирани се повеќе од 5.000 испитанци.
Години наназад Македонците и Албанците имаат најниски плати во регионот.