fake panerai watches Ристовска: Јанева уште е во УБК, СЈО не прави упад во безбедносниот систем на државата
02 Мај, 2024
0.0290

Ристовска: Јанева уште е во УБК, СЈО не прави упад во безбедносниот систем на државата

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Катица Јанева и специјални обвинители и денеска се во просториите на Управата за контраразузнавање .

Како што соопшти обвинителката Ристовска оттаму вчера им било кажано дека постојат пречки да се прибават податоците од системот за следење на комуникации затоа што единствените две лица од управата што имаат пристап до тој систем на ниво кое што овозможува извлекување на податоците не се во моментов во државата и од управата презеле обврска иако било зачудувачки за СЈО, како што рече Ристовска, како нема ниту еден друг кој што може да пристапи во момент и како би се постапило во момент на ургентност, сепак ги известиле дека во текот на денешниот ден ќе направат напори овие лица да се вратат во државата .

Од СЈО очекуваат таквите ветувања денес да бидат исполнети и да добијат информации дека лицата се вратени во РМ при што обвинителките би можеле да пристапат кон извршување на судската наредба во делот на следење на системот на комуникации.

Ристовска рече дека она што мора јасно да се знае е дека СЈО како обвинителство ниту ги интересира ниту пак бараат податоци за тековни посебни истражни мерки ,ниту пак сакаат да направат упад во безбедносниот систем на државата. 

„Напротив наш интерес е токму институциите од таков карактер да работат професионално и законито и за она што се случи изминатиот период да добиеме правна разврска, односно да прибавиме докази и да покажеме прво дали злоупотребите навистина се настапени во таа институција ако се настапени да не претставува институцијата лошо лице како институција, туку да се знае кои лица од таа институција се одговорни затоа што ние сакаме да веруваме дека вработените во таа институција се професионалци кои што професионално и чесно си ја работат работата“, рече спцијалната обвинителка.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови