02 Мај, 2024
0.0312

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

Објавено во: Свет 19 Април, 2024

Добивај вести на Viber

САД единствени гласаа против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и со тоа ја блокираа светската организација да признае палестинска држава.

„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа, со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот функционер,.

За прием на една земја во ОН, мора прво да добие позитивна препорака од Советот за безбедност (најмалку девет од 15 гласови за него, и без вето од која било постојана членка), а потоа да биде одобрена од Генералното собрание на ОН со двотретинско мнозинство. За да помине резолуцијата потребни беа најмалку девет гласа и без вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. 

„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремената акција во Њујорк, дури и ако е во најдобар интерес, нема да резултира со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот претставник.

 Засилените напори на Палестина за полноправно членство доаѓаат шест месеци по масакрот од Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било потребно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.

Амбасадорот на Израел во ОН Гилад Ердан тврди дека Палестинците не ги исполнуваат критериумите за полноправно членство во ОН - постојано население, дефинирана територија, власт и капацитет за односи со други држави.

Давањето полноправно членство на Палестинците во ОН „нема да има никаков позитивен ефект за ниту една страна, тоа може да предизвика само уништување во наредните години и да им наштети на шансите за каков било дијалог во иднина, посочи Ердан.


Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа