САКАВТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ИТАЛИЈАНСКОТО СЕЛО КОЕ НУДИ 2000 ЕВРА: Заборавете го ова!
Објавено во: Свет 13 Мај, 2017
Италијанско село нудеше 2000 евра за оние кои ќе се доселат да живеат таму, но од оваа идеја нема ништо.
Оваа идеја беше премногу добра за да биде вистинита.
Градоначалникот на Бормид, кој ја објави информацијата на Фејсбук доби 17.000 барања од луѓе од цел свет и од Италија, по што го избриша постот.
Од регионот Лигурија рекоа дека тоа било само идеја, но за тој предлог нема да гласа градската управа.
Додаваат дека за оваа идеја може да се расправа, но истото би важело само за луѓето кои се од Италија, а не за луѓето од целиот свет.
Градоначалникот на Бормид, Даниел Галијано вели дека веста добила светски размери, но иако Италија е многу убава земја, таа е во криза.
Се заблагодари за интересот и рече дека не можат да им помогнат на сите.
Претходно намерата беше да се заживее селото кое станува „село на духови“.