01 Мај, 2024
0.0270

Само две земји ја поздравија одлуката на Трамп за Иран

Објавено во: Свет 09 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Обединетите нации, Европската унија и потписничките на нуклеарниот договор со Иран, како и регионалните челници изразија во вторникот ноќта жалење и загриженост поради одлуката за американското повлекување од нуклеарниот договор со Иран, но таа ги израдува заколнатите непријатели на Техеран – Израел и Саудиска Арабија.

Американскиот претседател Доналд Трамп уште во предизборната кампања го критикуваше договорот со Иран од 2015 година, според кој светските сили укинаа децениски меѓународни економски санкции за Техеран во замена за ограничувањето на неговата нуклеарна програма и овозможување неочекувани и непречени инспекции од страна на експертите од Меѓународната агенција за атомска енергија кои досега во своите редовни извештаи потврдуваа дека Иран се придржува до договорот.

Иранскиот претседател Хасан Роухани во вторникот вечерта објави дека Иран ќе остане дел од меѓународниот договор, но и предупреди дека неговата земја може да стави крај на ограничувањата коишто ги прифати во врска со збогатувањето на ураниум, откако САД објавија дека се повлекуваат од договорот на кој потписнички уште се Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија.

Иранскиот претседател Хасан Роухани во официјалната реакција изјави дека наскоро ќе разговара со другите потписници на договорот – Велика Британија, Германија и Франција, како и со Русија и со Кина, за да види дали Русите ќе можат да ги гарантираат интересите на Иран по повлекувањето на САД од договорот за иранската нуклеарна програма.

Иранските службени медиуми ја нарекоа одлуката на Трамп „незаконска, погрешна и одлука којашто ги обезвреднува меѓународните договори“.

Претходниот американски претседател Барак Обама, во чијшто мандат беше потпишан договорот со Иран, исто така, изрази жалење поради повлекувањето на САД коешто го нарече „погрешно“. „Верувам дека одлуката е договорот да се доведе во опасност, а Иран притоа да не го прекршил договорот, е сериозна грешка“, објави Обама.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ги повика другите потписнички на иранскиот нуклеарен договор „целосно да ги почитуваат своите обврски“ по повлекувањето на САД.

„Длабоко сум загрижен од објавата за повлекувањето на САД од овој договор и продолжувањето на американските санкции. Битно е сите загрижености во врска со спроведувањето на планот да бидат решавани преку механизмите кои се воспоставени со договорот JCPOA“, рече Гутереш.

Европската унија ќе му одговори едногласно на американскиот претседател Доналд Трамп, порача ноќта кон средата претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

„Челниците на ЕУ со овие прашања (иранскиот договор и политиката на Доналд Трамп) ќе се занимаваат на самитот во Софија следната седмица“, напишат Туск.

Велика Британија, Франција и Германија, трите земји членки на ЕУ потписнички на договорот, исто така, изразија жалење поради американската одлука и го повикаа Вашингтон да не презема чекори со коишто ќе им ги отежне животите на другите земји коишто сакаат да останат приврзани на нуклеарниот договор, објавија челниците на трите земји во вторникот ноќта во заедничко соопштение.

Русија е длабоко разочарана од одлуката на претседателот Трамп, објави руското министерство за надворешни работи и го осуди „грубото кршење на меѓунардното право“.

„Длабоко сме разочарани од одлуката на американскиот претседател еднострано да се повлече од договори и да ги врати американските санкции против Иран… Изразуваме крајна загриженост бидејќи САД постапуваат спротивно од мислењето на повеќето држави … грубо кршејќи ги стандардите на меѓународното право“, порача руската дипломатија.

Портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека американското повлекување ќе предизвика нестабилност и нови судири. Портпаролот Ибрахим Калин рече дека меѓународниот договор ќе продолжи со други нации и додаде дека Турција продолжува да се противи на сите облици на нуклеарно оружје.

Сирија „решително ја осудува“ веста за истапувањето на САД од иранскиот нуклеарен договор, изразувајќи „целосна солидарност“ со Иран и доверба во неговата способност да ги отстрани последиците од „агресивниот став“ на Вашингтон.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека целосно го поддржува американското повлекување од договорот со Иран, додека дел од окупираниот дел од Голанската висорамнина е под зголемен степен на тревога поради наводна можност од ирански напад од Сирија. 

Нетанјаху ја нарече одлуката на Трамп „храбра и историска“ и затоа „Израел му се заблагодарува на претседателот Трамп на неговото храбро водство, неговата подготвеност да му се спротистави на терористичкиот режим во Техеран и доследноста да стори сѐ за Иран никогаш да не развие нуклеарно оружје, ниту денес, ниту за десет години, никогаш“.

Саудиска Арабија, историски сунитски регионален ривал на шиитски Иран и сојузник на САД, соопшти дека ја „поддржува и поздравува“ одлуката на американскиот претседател да се повлече од нуклеарниот договор.

„Кралството ги поддржува и поздравува чекорите коишто ги најави американскиот претседател во насока на повлекувањето од нуклеарниот договор“, се вели во соопштението од Ријад.


Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа