11 Мај, 2024
0.0252

За да го прослави духот на овогодинешните ЗОИ

Самсунг го претстави лимитираното издание на Галакси Ноут8 за Олимписките Игри Пјонгчанг 2018

Објавено во: Мои пари 17 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Помалку од еден месец пред започнувањето на Зимските Олимписки Игри, Пјонгчанг 2018 (Winter Olympic Games PyeongChang 2018), компанијатаСамсунг Електорникс (Samsung Electronics Co., Ltd), Светски Олимписки партнер во категорија за безжична комуникациска и компјутерска опрема, денес претстави лимитирано издание на свој уред за Олимписките Игри (ОИ) кои оваа година ќе се одржат во Пјонгчанг, Јужна Кореа. За понатамошно проширување на олимпиското наследство преку поддржување на спортистите и олимпиското семејство, Самсунг ќе овозможи ексклузивни уреди - специјално издание на Галакси Ноут8 (Galaxy Note8), како охрабрување за подобри резултати на Зимските Олимписки Игри (ЗОИ), истовремено помагајќи при одржувањето на односи и споделувањето спомени со они кои се во близина, но и подалеку.


Во соработка со Меѓународниот Олимписки Комитет - МОК(International Olympic Committee - IOC)и Организацискиот Комитет на Пјонгчанг за Зимските Олимписки и Параолимписки Игри (Olympic & Paralympic Winter Games - POCOG),Самсунг ќе достави 4000 уреди за сите олимпијци, за членовите на ЗОИ Пјонгчанг 2018“семејството, вклучувајќи го и персоналот на Меѓународниот Олимписки Комитети POCOG,овозможувајќи им да се потпрат на мобилната технологија на Самсунг со цел да ги подобрат своите искуства и поедноставно да се поврзат. Олимпискотолимитирано издание ќе ги вклучува новите и подобрени функции на Галакси Ноут8, како иновативниот “бесконечен“ 6,3-инчен дисплеј без рамки кој удобно може да се држи со една рака, подобреното S-пенкало за зголемена ефикасност и продуктивност и најдобрата Самсунг Двојна Камера. Само за ЗОИ Пјонгчанг 2018, лимитираното издание ќе има бело сјајно задно стакло за да ги прослави зимата и златните олимписки прстени инспирирани од олимпискиот факел - симбол на Олимпиското движење кое поврзува пет континенти и претставува соединетост низ целиот свет.  


Во текот на нашето 20-годишно наследство како олимписки партнер, Самсунг покажа поддршка за Олимпиското движење, преку помагање и поттик за ширење на олимпискиот дух и подобрување на врските преку нашите најнови технолошки иновации и извонредни искуства. Горди сме што на сите спортисти им го обезбедивме “PyeongChang 2018 Olympic Games“ лимитираното издание на Галакси Ноут8 уредот, со цел да им помогнеме да останат поврзани, да ги снимат и да ги споделат најнезаборавните моменти во нивниот живот.“-изјави Јангхи Ли (Younghee Lee),Главен Маркетинг Директор и Извршен Потпретседател на Самсунг Електроникс.

Лимитираното издание за ОИ Пјонгчанг 2018 ќе има однапред вчитани славенички тематски позадини од ЗОИ, овозможувајќи им на корисниците да останат поврзани со стил, преку најнапредната мобилна технологија на Samsung.Дополнително, корисните апликации ќе бидат претходно инсталирани со цел да помогнат во култивирањето на врвното искуство на Олимписките Игри.

"Посветеноста на Самсунг на Олимпиското движење во изминатите 20 години овозможи поголема поврзаност преку иновативните мобилни технологии. Создавањето на лимитираното издание од страна на Самсунг ја зајакнува нашата заедничка желба, желбата на Самсунг и на Меѓународниот Олимписки Комитет, за ширење на олимпискиот дух. Како резултат на посветеноста на Партнерите како Компанијата Самсунг, во можност сме континуирано да обезбедиме незаборавни искуства во рамки на ОИ." - изјави Томас Бах (Thomas Bach), Претседател на Меѓународниот Олимписки Комитет.


Компанијата Самсунг ќе обезбеди Галакси Ноут8 уреди за Параолимпијците

Демонстрирајќи ја посветеноста на Параолимпиското Движење, Самсунг ќе обезбеди паметни уреди за сите параолимпијци на Параолимписките Зимски Игри, Пјонгчанг 2018. Секој параолимпиец ќе добие Галакси Ноут8 заедно со футрола која го содржи логото на Параолимписките Игри. Со ова, параолимпијците ќе бидат изложени на револуционерните мобилни технологии и нивниот придонес за доближување на дигиталниот свет поблиску до лицата со пречки во развојот. Самсунг е Светски Параолимписки Партнер започнувајќи од Зимските Олимписки Игри кои се одржаа во Ванкувер во 2010 година. Исто така, компанијата е поддржувач на Параолимпиското Движење, стремејќи се да поттикнува напредок и да креира предизвици за луѓето.


За вклученоста на Компанијата Самсунг во Олимписките Игри

Самсунг својата вклученост во Олимписките Игри ја започна како локален спонзор на ОИ кои се одржаа во Сеул во 1988 година. Започнувајќи од Зимските Олимписки Игри во Нагано во 1998 година, компанијата ја прошири својата посветеност на Олимпиското Движење како Светски Олимписки Партнер во Категорија на Опрема за Безжична Комуникација, овозможувајќи сопствена безжична комуникациска платформа и мобилни уреди. Овие иновативни мобилни технологии им овозможуваат на Олимписката Заедница, атлетите и фановите низ целиот свет интерактивни комуникации и информациски услуги, како и “Samsung Pay“ услуга. Самсунг е домаќин на различни Олимписки кампањи со цел споделување на возбудата за Олимписките Игри со луѓето ширум светот и овозможувајќи им на сите да учествуваат во Игрите преку оваа иновативна мобилна технологија. Посветеноста на Самсунг како Светски Олимписки Партнер продолжува и во ПјонгЧанг 2018 и Токио 2020 во рамки на категоријата Комуникациска и Компјутерска опрема. 


Можеби ќе ве интересира

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните