Се гласало за роднина, имало семејно гласање, кинење ливчиња
Објавено во: Македонија 11 Декември, 2016
Повеќе нерегуларности регистрирал МОСТ во текот на изборниот ден.
Во Тетово биле искинати пет ливчиња од списокот, на нив е гласано и се ставени во гласачка кутија.
Во општина Ѓорче Петров гласач гласал на погрешно место.
Во општина Центар на гласач кој има траги од мастило му дозволиле да гласа.
Во Аеродром во 4 случаи не е проверено дали гласачите имаат трага од мастило, имало и семејно гласање, при што се злоупотребени 10 гласови.
Во други гласачки места имало гласање за роднина и гласање на луѓе кои ги нема во список.