СЕ НАМАЛУВА ИНФЛАЦИЈАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Колку ќе изнесува летово?
Објавено во: Економија 02 Април, 2024
Германците можат да здивнат. Инфлацијата во Германија ќе продолжи да се намалува.
Економскиот институт „Ифо“ прогнозира дека инфлацијата во државата ќе продолжи да се намалува.
„Во текот на летото би требало да се намали под два отсто“, изјави Тимо Волмершер, економист од „Ифо“.
Се намалува бројот на германски компании кои очекуваат дека цените на нивните производи ќе продолжат растат.
Инфлацијата во Германија се намали и во март, храната стана поевтина за прв пат од почетокот на 2015 година. Ова е наведено во извештајот на заводот за статистика.
Стапката на инфлација се намали во март на ниво од мај 2021 година.
Потрошувачките цени во март се повисоки за 2,2 отсто во однос на истиот месец минатата година, прелиминарно пресмета Дестатис.
foto freepik.com/chandlervid85