Се превртел од педалинка и се удавил во Дојранско езеро
Објавено во: Македонија 13 Август, 2023
Регионалниот оддел на Центарот за управување со кризи во Струмица информира за давеник во Дојранско Езеро, кој исчезнал во водата претпладне. Лицето не е пронајдено и е непознато.
Настанот се случил кога лицето било качено на педалинка што најверојатно се превртела, а лицето не знаело да плива. За сега, нема податок дали имал безбедносен елек. Телото се уште не е пронајдено заради тоа што во езерото има многу трски, алги,а и слаба е видливоста.
„Местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од МВР Тигри за да се спроведе акцијата за пронаогање на телото. На лице место се ТППЕ и СВР Гевгелија“, соопшти ЦУК.